Брзата реакција на родителите спречила трагедија во познат национален парк
Пума нападнала четиригодишно дете кое со родителите планинарело на Hurricane Ridge во Националниот парк Олимпик, во американската сојузна држава Вашингтон, соопштија властите. Таткото му го спасил животот на детето извлекувајќи му ја главата од челустите на дивата мачка, пишува „Гардијан“.
Необичниот инцидент се случил нешто после 15 часот. Животното имало поставена огрлица, што значи дека било следено од страна на надлежните. Нападот се случил на патека која инаку е доста фреквентна. Чуварите на паркот следниот ден, со помош на GPS-огрлицата, ја пронашле и ја еутаназирале животната.
Итната служба го префрлила повреденото дете со хеликоптер до травматолошкиот центар во Сиетл. Од Националниот парк изјавиле дека токму брзата реакција на таткото можеби му го спасила животот на детето. Очевидци кои зборувале за локалните медиуми ја пофалиле храброста на мажот.
Планинарот Стив Муроу, кој исто така тој ден се наоѓал на истата патека, изјавил за телевизијата KIRO во Сиетл:
– Не мислам дека детето ќе преживееше ако татко му не реагираше. Тој човек е херој.
Муроу се присетил дека сфатил што се случува кога слушнал детски крик. Тој и неговиот свекор, Мајк Фленикен, изјавиле дека веднаш се стрчале кон местото и ја виделе мајката како го држи детето, додека околу нив веќе имало луѓе кои, исто како и нив, дошле да помогнат.
Од болницата Harborview соопштиле дека состојбата на детето е стабилна. Властите информирале дека не постои трајна опасност за посетителите на паркот.
Нападите на пуми врз луѓе се и понатаму крајно ретки во Северна Америка. Според податоците на Фондацијата за планински лавови, од 1868 година до денес се случува просечно помалку од еден напад годишно. Стручњаците велат дека овие животни вообичаено ги избегнуваат луѓето, иако контактите со нив малку се зголемиле по забраната за лов.