ПРВ.мк
Балкан

Се подготвува повлекување на САД од Косово? Експерт најавува тивка трансформација на безбедносната сцена!

Се подготвува повлекување на САД од Косово? Експерт најавува тивка трансформација на безбедносната сцена!
Escape

Американското воено присуство на Косово би можело наскоро да стане дел од историјата, сугерира универзитетскиот професор и познат аналитичар на Балканот, Даниел Сервер. Според него, САД сериозно размислуваат за редуцирање или целосно повлекување на трупите од Косово, со цел да се пренасочат кон други, поголеми глобални приоритети.

Сервер, професор на реномираниот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во својата изјава за јавноста потенцираше дека Косовските безбедносни сили (КБС) наскоро би можеле да преземат значително поголема одговорност за внатрешната безбедност, со што би се намалила зависноста од меѓународното воено присуство.

„Косово моментално добро се справува“, вели Сервер, „но не знам колку долго САД ќе сакаат да го одржат своето воено присуство“. Според него, тоа ќе зависи од динамиката на ситуацијата и од геополитичките интереси на Америка.

Оваа анализа доаѓа во период кога поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека „ескалацијата во Косово неодамна престанала“, што дополнително ги засилува шпекулациите за потенцијално повлекување на американските трупи.

Сервер дециден е дека КБС наскоро ќе се соочи со нови, многу посериозни безбедносни одговорности: „Постојат многу поголеми проблеми во светот. Косовските сили еден ден, можеби многу наскоро, ќе треба сами да го носат товарот на безбедноста.“

Иако Косово сè уште е важна точка на интерес за САД и нивните сојузници, Сервер не исклучува сценарио во кое Вашингтон ќе го намали директниот ангажман во регионот, во корист на сопствените глобални стратешки интереси.

Останува отворено прашањето: Дали Косово е подготвено самостојно да ја преземе безбедносната контрола? И што ќе значи ваквиот чекор за стабилноста на Балканот?

Mia Home Mavrovo