ПРВ.мк

Овој автомобил за пет години губи 75% од својата вредност: Никако не го купувајте

Овој автомобил за пет години губи 75% од својата вредност: Никако не го купувајте
Jumbo Banner

Моделите на електрични автомобили (EV) доживуваат драматичен пад на вредноста, додека загубата е значително помала кај спортските автомобили.

Губењето на вредноста на автомобилите е неизбежно, но изборот на модел може значително да влијае на тоа колку автомобилот ќе изгуби од својата вредност за одреден период.

Ново истражување во САД покажува дека автомобили може да изгубат меѓу 19,5% и 72,2% од својата вредност по пет години.

Нема сомнеж дека електричните автомобили брзо губат на вредност, што го потврдува и најновото истражување на iSeeCars.

Во просек, EV моделите губат 58,8% од својата вредност за пет години, што е значително повеќе од просечниот пад од 45,6%.

Од друга страна, најдобро се задржала вредноста на пикап автомобилите и хибридите, кои за истиот период изгубиле 40,4% и 40,7% од својата вредност.

Кои автомобили најбрзо губат вредност?

С оглед на тоа што вредноста на EV моделите драстично опаѓа, не изненадува што тие се наоѓаат на листата на возила со најголема загуба на вредност.

Jaguar I-Pace го зазема првото место, бидејќи овој електричен кросовер губи неверојатни 72,2% од својата вредност по пет години, што значи губиток од 51.953 долари.

На второ место се наоѓа BMW 7 Серија, кој губи 67,1% од својата вредност, односно 65.249 долари.

Меѓу првите 5 автомобили со најголем пад на вредноста се уште:

Tesla Model S – губи 65,2% од својата вредност

Infiniti QX80 – губи 65,0% од својата вредност

Maserati Ghibli – губи 64,7% од својата вредност

Спортските автомобили најспоро губат вредност

За разлика од луксузните и EV моделите, спортските автомобили покажале најмало намалување на вредноста по пет години.

Porsche 911 се истакнува како најдобар во овој сегмент, бидејќи изгубил само 19,5% од својата вредност, додека го следи Porsche 718 Cayman со пад од 21,8%.

Овие податоци јасно покажуваат дека купувањето на EV или луксузен модел може да доведе до големи финансиски губитоци, додека спортските автомобили се подобар избор за долгорочна вредност.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран