Стоматологијата важи за една од најдобро платените, но и најмалку стресни професии – барем според истражувањето на американската медиумска куќа U.S. News & World Report.
Иако не е на врвот кога станува збор само за висината на платата, стоматологијата сепак го зазема првото место кога ќе се земат во предвид и годишниот приход и нивото на стрес на работното место.
Просечната годишна плата за стоматолозите во САД изнесува околу 225.760 долари.
Според Market Watch, причината за оваа „совршена комбинација“ лежи во тоа што дневниот распоред им е добро организиран – однапред се знае кој пациент доаѓа и кога, што значително го намалува стресот. За разлика од други медицински професии, стоматолозите имаат и релативно мал број на итни случаи, што дополнително придонесува за мирна работна атмосфера.
Во анализата на U.S. News & World Report биле опфатени вкупно 187 добро платени професии, а покрај стоматолозите, на листата со професии кои нудат добар баланс меѓу приватниот и професионалниот живот се најдоа и програмери, статистичари, логопеди, ветеринари и дел од другите медицински струки.