ПРВ.мк
Економија

Хрватска повторно блокира увоз на пиперки од Албанија – откриени забранети пестициди

Хрватска повторно блокира увоз на пиперки од Албанија – откриени забранети пестициди

Хрватските власти заплениле и блокирале осум тони црвени лути пиперки од Албанија, откако било утврдено дека содржат три забранети земјоделски препарати, објави Топ чанел. Зеленчукот бил произведен во регионот на Дивјак и ќе биде уништен во Хрватска, бидејќи се смета за опасен по здравјето на луѓето.

Ова не е изолиран случај. Минатиот месец хрватските инспекции уништија четири тони албански домати, прскани со отровниот хлорфенапир во петпати поголема концентрација од дозволеното. Пред тоа, Хрватска и БиХ уништија повеќе од 10 тони праски поради високо присуство на никел, додека словенечките власти вратија цели пратки од истиот производ.

И покрај честите скандали со пестициди и тешки метали, албанското овошје и зеленчук редовно завршува на пазарите во регионот, особено во пограничните зони, каде граѓаните директно го купуваат од земјоделците.

Escape