ПРВ.мк
Економија

Ексклузивно: 100-те најбогати луѓе во регионот – седум Македонци на врвот!

Ексклузивно: 100-те најбогати луѓе во регионот – седум Македонци на врвот!
Kristal

На најновата листа на 100-те најбогати луѓе во регионот за 2025 година, составена од списанието „Недељник“, се најдоа седум македонски бизнисмени со вкупно богатство од околу 2,7 милијарди евра. Иако имотот на македонските бизнисмени е значителен, тој е далеку помал од богатството на првопласираниот Мирослав Мишковиќ од Србија, кој се проценува на 3 милијарди евра.

Најдобро пласиран македонски бизнисмен е Живко Мукаетов, сопственик на компанијата „Алкалоид“, кој е 31-ви на листата со проценето богатство од околу 892,6 милиони евра. Веднаш зад него се наоѓа Илија Гечев, сопственик на IGM Trade (фабрика за челични конструкции), со богатство проценето на 677,6 милиони евра.

Следуваат:

  • Андреја Јосифовски, челник на „Макпетрол“, на 49-то место со 662 милиони евра.
  • Висар Јакупи и Алајдин, сопственици на Даути Кипер Маркет, на 90-то место со 317,8 милиони евра.
  • Сем. Камчеви, сопственици на КАМ маркети, на 92-ро место со 309,1 милиони евра.
  • Сем. Георгиев, сопственици на ланецот Стокомак, на 97-мо место.
  • Слободан Кутревски, сопственик на Пекабеско, на 100-то место со 293,2 милиони евра.

Иако Македонија нема милијардери, на листата има 20 милијардери во регионот, предводени од Мирослав Мишковиќ („Делта холдинг“) со 3,01 милијарди евра. Второто место му припадна на сем. Костиќ (МК Груп) со 2,92 милијарди, а третото на Хрватот Силвио Кутиќ (Инфобип) со 2,52 милијарди евра.

На четвртото место се наоѓаат Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ (Моцарт, Вега – Србија) со богатство од 2,07 милијарди, а петтото место го зазема Петар Матијевиќ (МИ Матијевиќ – Србија) со 1,79 милијарди евра. Следат хрватските бизнисмени: Мате Римац (Римац груп) со 1,74 милијарди, Миле Ќурковиќ (Плодине) 1,73 милијарди, Дубравко Гргиќ 1,63 милијарди, Давор Лукшиќ Ледерер (Сина лагуна) 1,63 милијарди, и Павао Вујновац (група Вујновац) со 1,58 милијарди евра.

FixCredit
Escape