Министерската за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, одржа средба со претставници на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, на која се разговараше за унапредување на студентскиот стандард и финансиската поддршка за младите.

Во фокусот на разговорите беа мерките за олеснување на финансиските трошоци на студентите, како и подобрувањето на условите во студентските домови. Министерството за финансии веќе го прошири опфатот на мерката „студентски оброк“, а како следен чекор ќе се работи на воведување нови механизми за финансиска поддршка.

„Оваа средба претставува важен чекор во зајакнувањето на дијалогот со студентите. Заеднички ќе работиме на реализација на мерки кои го подобруваат квалитетот на студентскиот живот“, истакна Димитриеска-Кочоска.
На средбата студентите го претставија Акцискиот план на студентскиот манифест, кој ги опфаќа клучните предизвици со кои се соочуваат, како и предлозите за нивно решавање. Министерството најави дека ќе ги разгледа сите предлози и ќе се заложи за нивна реализација преку конкретни политики и финансиски решенија.
Средбата заврши со договор за континуирана соработка помеѓу студентите и надлежните институции, со цел подобрување на студентскиот стандард и создавање подобри услови за младите во земјата.