Во моментот, во болниците во земјава се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани. Четири од нив се на лекување во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден пациент се наоѓа на Клиника за токсикологија, а двајца пациенти се во приватната болница Систина.
Во странство, во медицински центри, се уште се хоспитализирани 64 пациенти.
Денес се очекува четворица пациенти да се вратат од болницата Пирогов во Република Бугарија.
-Инаку, во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица, велат од Министерството за здравство.