ПРВ.мк

Подгответе се промени: Еве какво време ја очекува Македонија денес и утре, но и каде во Македонија најмногу ќе врне

Подгответе се промени: Еве какво време ја очекува Македонија денес и утре, но и каде во Македонија најмногу ќе врне

Под влијание на Медитеранска влажна и нестабилна воздушна маса, денес (четврток 17 април) и ноќта кон петок (18 април) во Македонија ќе имаме на повеќе места повремени врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.

Особено пообилни врнежи ќе има во западните предели (локално над 20 литри дожд на метар квадратен). Локално во овие предели процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен јужен и југоисточен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град.

И во Скопје и околината за време на овој Медитерански влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи. Повремено и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите и покрај ова, остануваат пролетно високи.

Vero

Да напоменам и предупредам, во случај на појава на електрични празнења, апелирам, граѓаните да избегнуваат претсој на отворено и под осамени дрвја, исто така, граѓаните, да ги заштитат своите автомобили поради очекуваниот силен ветер, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Agria