Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека сите лица кои се наоѓаат во заробеништво во Појасот Газа ќе бидат ослободени.
„Се надевам дека сите што се наоѓаат во ваква тешка ситуација, како што бевте и вие, ќе ја добијат својата слобода,“ изјави Путин на средбата со семејството Труфанов во Кремљ.
Претседателот во средата се сретна со Александар Труфанов – државјанин кој неодамна беше ослободен од заробеништво во Газа, како и со неговата мајка Елена и свршеницата Сапир Коен.
Александар, заедно со мајка му Елена, баба му Ирина Тати и свршеницата Сапир, биле киднапирани од страна на палестински милитанти на 7 октомври 2023 година, за време на нападот на југот на Израел. Таткото на Александар, кој бил со нив, трагично го загубил животот во нападот.
Во истиот ден биле киднапирани повеќе од 250 лица, кои потоа биле однесени во Газа. Мајката, бабата и свршеницата на Труфанов беа ослободени во текот на прекинот на огнот крајот на ноември и декември 2023 година.
Александар беше ослободен на 15 февруари годинава, откако помина речиси 500 дена во заробеништво. Путин претходно изјави дека неговото ослободување било овозможено благодарение на блискоисточната политика на Русија и подготвеноста за соработка од страна на раководството на Хамас.