ПРВ.мк

НОВА ДИГИТАЛНА АЛАТКА: ОПШТИНА БИТОЛА УСПЕШНО ГО ЗАПОЧНА ПРОЦЕСОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО АПЛИЦИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОВИКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ДОГРАМА

НОВА ДИГИТАЛНА АЛАТКА: ОПШТИНА БИТОЛА УСПЕШНО ГО ЗАПОЧНА ПРОЦЕСОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО АПЛИЦИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОВИКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ДОГРАМА

Денес, во 08:00 часот, започна електронското аплицирање на јавниот повик на Општина Битола за субвенционирање на замена на старата, дотраена и енергетско неефикасна дограма (дрвена) со нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на територија на Општина Битола.
Електронското аплицирање започна успешно, а првата апликација беше поднесена во 8 часот и 22 секунди.


До 10 часот и 43 минути, аплицирале вкупно 151 граѓанин или вкупно 168 поднесени барања, вклучувајќи ги повторните обиди на некои граѓани кои го поништиле првото барање и го искористиле правото за максимален број од 3 обиди за оние кои имале потреба од корекција на својата апликација.
Зад секоја од овие бројки стои име, презиме и информации за секој од нашите граѓани кои аплицирале, запишани и обезбедени во база на податоци, што повторно дава потврда за она што беше цел на општината, односно отстранување на најмал сомнеж за можна манипулација и влијание на човечки фактор.


Секој граѓанин кој аплицирал на својата мејл адреса има добиено известување со време на поднесено барање и број на предмет, како и известување доколку го поништил претходното барање и поднесол ново барање.


Сo ваквиот систем, Општина Битола, успешно го воведува електронскиот систем за поднесување барања за субвенции, како нова дигитална алатка за граѓаните на општина Битола, со што веќе нема да се создаваат колони од граѓани пред општинската зграда и граѓаните нема да мора да чекаат ред од раните утрински часови, за да аплицираат на јавните повици на општината.

Vero


Електронскиот систем за поднесување на барања за субвенции, на барање на Општина Битола, го изработи „Јавен адвертајзинг“ Битола, кој ја овозможи и техничката поддршка на општината во процесот на аплицирање.


Ова е еден од проектите на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, со кој се реализира заложбата за дигитализација на услугите.

Agria