ПРВ.мк

[ВИДЕО] Зеленски го покажа специјалното оружје кое ќе биде распоредено на фронтот: Ова е ноќниот кошмар на Путин

[ВИДЕО] Зеленски го покажа специјалното оружје кое ќе биде распоредено на фронтот: Ова е ноќниот кошмар на Путин

Украина започна со распоредување на до 15.000 вооружени борбени роботи, познати како „тивки убијци“, објави британскиот „Дејли Мирор“, повикувајќи се на извори од Украина.

Овие роботи војници се дизајнирани за поддршка на трупите во рововите и како помош во градските борби, а, како што се надеваат украинските воени команданти, тие би можеле да претставуваат клучен пресврт во борбите кои се сѐ повеќе водат од ровови и на кратки дистанци, и да претставуваат напредок во високотехнолошкото војување, пишува весникот.

Роботите се опремени со оружје и сензори, можат да се движат по нерамен терен и да функционираат и преку ден и преку ноќ. Еден од најистакнатите модели е „Лутиот“, вооружен со пушка кал. 7,62 мм (истиот кал. користи и АК47), а се користи за извидување, поддршка на напади и прецизно огнено дејствување.

Украинските сили им доделиле специјална улога на овие мобилни оружја во воената тактика – за напади од неочекувани правци и за отвлекување на вниманието на руските трупи, наведува британскиот весник.

Vero

Роботите се контролираат на далечина, што овозможува на операторите да бидат безбедни, додека драстично го намалуваат ризикот за луѓето, што е особено важно поради големите украински загуби, се вели во текстот.

Министерството за одбрана на Украина инвестирало дури 120 милиони фунти (повеќе од 140 милиони евра) во роботизирани воени системи само во првиот квартал на 2025 година.

Ова е најголема инвестиција во воената автоматизација досега, а Киев верува дека масовната употреба на роботи ќе ја промени моменталната ситуација на фронтот во нивна корист.

Agria