ПРВ.мк

Димовски: Бизнис форум и нова инвестиција во мај – потврда за успешниот пристап на Владата

Димовски: Бизнис форум и нова инвестиција во мај – потврда за успешниот пристап на Владата

Секоја недела сме во комуникација со мултинационални компании. Во месец мај ќе поставиме камен темелник на нова инвестиција.

Морам да истакнам дека инвеститорот беше исклучително задоволен од нашата поддршка и од тоа што целата постапка се реализираше согласно позитивните законски прописи. Тој самиот иницираше и организира бизнис форум кој ќе донесе меѓу 100 и 150 потенцијални инвеститори.

На 16 мај прво ќе се одржи бизнис форумот, на кој ќе презентираме што нудиме како држава, а потоа ќе го поставиме камен темелникот на инвестицијата. Сакам да нагласам дека искрениот и проактивен пристап, со јасна комуникација што може, а што не може, придонесе инвеститорот да ја препознае нашата посветеност.

Тој лично побара и не замоли камен-темелникот да биде во мај, бидејќи сака да донесе минимум 100 бизнисмени од неговата држава – како потврда за тоа колку е задоволен од начинот на кој работиме.

Vero

Ова за нас е сериозна мотивација – за мене и за целата Влада – да продолжиме уште посилно и поефикасно со цел да привлечеме поквалитетни странски директни инвестиции.

– изјави Гоце Димовски директор на ТИРЗ во гостувањето на ТВ21.

Agria