ПРВ.мк

Божиновска: Енергетиката е стратегија за иднината, учиме од успешните примери во Чешка

Божиновска: Енергетиката е стратегија за иднината, учиме од успешните примери во Чешка
VERO Banner

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со делегација од ЕСМ, ја посети термоелектраната Тушимице во Чешка, каде што се запозна со моделот на модернизација кој обезбедува стабилно производство на енергија со значително намалени емисии.

„Енергетиката не е само производство на струја – тоа е стратегија за иднината. Оваа електрана е доказ дека инвестициите во технологија и еколошки стандарди носат одржливи решенија,“ истакна Божиновска.

Македонската делегација во рамките на посетата разговара со чешките експерти за нови пристапи во енергетиката, размена на искуства и потенцијални решенија што можат да помогнат во трансформацијата на македонскиот енергетски сектор.

„Предизвиците се големи, но фокусот е јасен – подобрување, модернизација и одржлива енергетика,“ порача министерката.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран