ПРВ.мк

Претреси на повеќе локации низ државата, откриено што се случува

Претреси на повеќе локации низ државата, откриено што се случува
VERO Banner

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за субивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.

– Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Дел од медиумите објавија дека е приведен и поранешниот директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски, на функцијата именуван од владата на Груевски во 2010 година .

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран