ПРВ.мк

Јувентус нема доживеано ваков пораз од 1967

Јувентус нема доживеано ваков пораз од 1967
VERO Banner

Синоќа, тимот на Јувентус претрпе катастрофален пораз на свој терен. Во рамките на дербито на ова коло во Серија А, на домашен стадион во Торино, „старата дама“ беше поразена од Аталанта со 0:4.

Овој меч ќе биде еден кој раководството на Јувентус најверојатно ќе сака да го заборави, бидејќи овој пораз е огромна бламажа која клубот од таков ранг не смее да ја дозволи. Сепак, за статистичарите, ова е само уште една интересна цифра во историјата на клубот.

Според историјата на клубот, Јувентус го претрпе најтешкиот пораз на домашен терен од 1967 година. Последен пат, клубот изгубил со 0:4 на домашен стадион во сезоната 1967-1968, кога на 22 октомври 1967 година беше поразен од градскиот ривал Торино. Овој пораз од Аталанта е историски на тој начин што е најголем домашен пораз по 58 години.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран