Горазд Србљак успеа да се избори за финале во квалификациите на ИТФ М15 турнирот во Аламинос, Кипар. Тој денеска во мечот од второто коло од квалификациите го надигра Британецот Кристијан Дел и забележа победа од 2-0 во сетови и притоа на противникот му препушти само три гема.
Првиот сет македонскиот тенисер го доби со 6:2 во гемови, а во вториот резултатот беше 6:1.
Утре за пласман на главниот турнир во третото квалификациско коло Србљак ќе игра против 19-годишниот тенисер од Австрија Мануел Лазиќ.