ПРВ.мк

Вучиќ: За пет дена обид за револуција. Не можат да ме соборат, би влегле во конфликт со војската

Вучиќ: За пет дена обид за револуција. Не можат да ме соборат, би влегле во конфликт со војската
VERO Banner

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Главниот одбор на Српската напредна партија изјави дека остануваат уште пет дена до „обидот за нивна револуција“ и рушење на уставниот поредок, што е едно од најтешките злосторства во Србија, објави Н1.

„Главното барање по преземањето на институциите ќе биде формирање преодна влада. Не можат да го соборат претседателот затоа што знаат дека ќе влезат во конфликт со војската и со се останато“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека „додека е жив“ нема да прифати никаква преодна влада, дека „ќе мора да биде убиен“ и дека тоа е негова заклетва и дека „нема да ја предаде земјата на измамници“, што беше поздравено од толпата која стана и аплаудираше.

Тој најави и дека ќе говори во дневната српска радио телевизија, доколку, како што изјави, не биде спречен во тоа.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран