ПРВ.мк

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО – еве кога ни се враќа зимата

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО – еве кога ни се враќа зимата
VERO Banner

Разведрувањето и порастот на температурите пристигна во регионот и ќе трае барем уште една недела.

Сепак, српскиот метеоролог Иван Ристиќ предупредува дека кон средината на месецот доаѓа уште една промена на времето, која ќе започне на 12 март.

„Тогаш во регионот пристигнува студениот арктички воздух како дел од поларниот вртлог и доаѓа до отворање на „виенската врата“. Најверојатно зимата ќе ни се врати во средината на март“, вели Ристиќ.

„Според моменталните временски индекси, во средината на март има услови за пократок и посилен студен бран, што дополнително би ја намалило температурата. Освен на планините, снег не е исклучен ниту во пониските места. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а максималната ќе биде меѓу пет и десет степени. Тоа веројатно би бил последниот налет на зимата“, додава Ристиќ за српските медиуми.

Пролетните температури може да се очекуваат во последната третина од месецот придружени со наизменична облачност и сонце. Се очекува сушен период, без врнежи.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран