Општина Битола објави јавен повик за работно ангажирање на 15 невработени лица со ниски квалификации или средно образование, кои ќе работат на уредување на зелените и јавни површини, речното корито на реката Драгор, како и на одржување на Зоолошката градина.
Ангажманот ќе трае четири месеци, од април до јули, со работно време од 7 часа дневно (понеделник – петок). За својата работа, вработените ќе добиваат месечен нето надомест од 18.000 денари, кој ги вклучува и трошоците за превоз и исхрана.
Заинтересираните кандидати треба да достават барање и копија од лична карта во Општина Битола, најдоцна до 17 март 2025 година.
Дознајте повеќе детали за аплицирање на следниот линк: bitola.gov.mk