Според првичните информации се работи за огромна сума од околу 10 милијарди денари испумпани преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.
Државата преку Бирото за јавна Безбедност испишува историја. Курир дознава дека денес БЈБ со останатите надлежни институции отпочнале со координирана акција против компаниите и поединци инволвирани во сомнителната набавка на мазут што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.
Неофицијално откриена е мрежа на увозници кои спротивно на законот испорачале некаков вид на горива со сомнително потекло и квалитет. Овие горива најчесто содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија што можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и почвата.
Состојбата е аларманта со степенот на загаденост, а според извештаите на повеќе институции, неколку илјади граѓани годишно го губат својот живот, а токму загаденоста се смета како една од најголемите причини за иселувањето.
Одредени имиња инволвирани во криминалните активности често се споменуваа во минатото како заштитени бели мечки од одредени центри на моќ.
Според првичните информации се работи за огромна сума од околу 10 милијарди денари испумпани преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.
Во моментов државата испраќа јасна порака – нема толеранција за оние што го трујат народот!