ПРВ.мк

Телото сака да ви каже нешто многу важно: Што значи доколку се разбудите помеѓу 3 и 5 часот наутро?

Телото сака да ви каже нешто многу важно: Што значи доколку се разбудите помеѓу 3 и 5 часот наутро?
VERO Banner

Традиционалната кинеска медицина дава објаснување за причините зошто се будите неколку пати во текот на ноќта во одредени периоди. Според неа, секој орган во телото има специфичен период во денот кога неговата енергија е на највисоко ниво. Секој орган е исто така поврзан со одредени емоции.

На пример, ако се разбудите помеѓу 1 и 3 часот по полноќ, кинеската медицина тврди дека тоа може да значи дека вашиот црн дроб е преоптоварен. Црниот дроб е одговорен за детоксикација на организмот и обработка на емоциите. Ако претходниот ден сте јаделе нездрава храна, пиеле премногу алкохол или ако сте имале нерешен гнев или високи нивоа на стрес, ова може да се одрази на вашиот сон.

Помеѓу 3 и 5 часот наутро е времето на белите дробови, кога телото сè уште треба да биде во мирен сон. Ако се разбудите токму во овој период, тоа може да значи нерамнотежа во белите дробови, особено кога станува збор за дишењето. Тешкотиите во спиењето во ова време можат да укажуваат на проблеми со длабокото дишење, како што се отежнато дишење, кашлање или астма. Ова може да биде поврзано и со емоции, како што е тагата заради загуба.

Во случај да се разбудите помеѓу 3 и 5 часот, препорачливо е да практикувате вежби за релаксација, како што се дишење или медитација. Држете го телото топло за да им помогнете на белите дробови да се наполнат со кислород. Исто така, важно е да се отворите пред некого за вашите чувства и да размислите како да добиете емоционална поддршка.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран