Огнот прво избувнал во возилото рено меган, сопственост на 23-годишниот Д.Р. од Скопје, а потоа се проширил и на седум други паркирани автомобили: Сузуки сопственост на Х.С., Опел сопственост на правен субјект, шевролет сопственост на Т.А., шевролет сопственост на А.Ш. фиат сопственост на правен субјект, шкода сопственост на Ј.Ј. и хјундаи сопственост на П.Ш.
Осум автомобили биле зафатени од пожар ноќеска во скопската населба Кисела Вода, при што едно возило целосно изгорело, а другите седум биле делумно оштетени.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 10 март 2025 година во 01:05 часот. Огнот прво избувнал во возилото рено меган, сопственост на 23-годишниот Д.Р. од Скопје, а потоа се проширил и на седум други паркирани автомобили: Сузуки сопственост на Х.С., Опел сопственост на правен субјект, шевролет сопственост на Т.А., шевролет сопственост на А.Ш. фиат сопственост на правен субјект, шкода сопственост на Ј.Ј. и хјундаи сопственост на П.Ш.
Сите возила имале скопски регистарски ознаки.
„По пријавата, веднаш интервенираше екипа на Противпожарната бригада на Скопје и пожарот беше изгаснат. Повредени лица нема, а увид на местото беше извршен од страна на полициски екипи“, информираат од МВР.
Се работи на утврдување на причините за пожарот.