ПРВ.мк

Млад жител на Свети Николе пронајден починат во туѓа куќа

Млад жител на Свети Николе пронајден починат во туѓа куќа
VERO Banner

“На 09.03.2025 во 09:30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во куќа во Свети Николе бил пронајден починат Д.В.(32) од Свети Николе.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител, телото било дадено на семејството. По преземени мерки во координација со јавен обвинител, било утврдено дека тој со А.П. неовластено се вселиле во куќата, чии сопственици биле од Скопје и Пробиштип, и дека претходно со А.Ј.(34) користеле дрога. Во врска со настанот од слобода бил лишен А.Ј., а А.П. била повикана во полициска станица и со неа бил извршен службен разговор.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран