ПРВ.мк
Црна Хроника

Загрижувачка пријава во Скопје: Татко тврди дека неговиот син трпел насилство од мајката

Загрижувачка пријава во Скопје: Татко тврди дека неговиот син трпел насилство од мајката

Во СВР Скопје е пријавен случај на наводно насилство врз малолетно дете, откако таткото забележал дека неговиот син подолг период покажувал страв кога требало да се врати кај својата мајка.

Според полициската пријава, на 28 август во 15 часот, 43-годишниот А.Б. од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син манифестирал страв секогаш кога требало да биде вратен кај мајката, која го има старателството над него.

Како што било наведено во пријавата, таткото се сомнева дека причината за ваквото однесување на детето е наводно насилство од страна на мајката.

За случајот е известен и Центарот за социјални работи Скопје, а полицијата презема мерки за негово целосно расчистување и документирање.

Засега станува збор за наводи од пријава и надлежните институции треба да ги утврдат сите факти и околности поврзани со случајот.