ПРВ.мк
Свет

Меланија Трамп повторно во центарот на вниманието: Со едно класично парче ја нагласи силуетата (ФОТО)

Меланија Трамп повторно во центарот на вниманието: Со едно класично парче ја нагласи силуетата (ФОТО)

Меланија Трамп повторно се појави во јавноста по пауза подолга од еден месец, а нејзиниот моден избор веднаш привлече внимание.

Првата дама на САД заедно со Доналд Трамп присуствуваше на настан во Розовата градина на Белата куќа, во пресрет на трката „Freedom 250“, а за оваа пригода избра впечатлива комбинација во сина и црвена боја.

Меланија носеше широка небесно сина кошула со нагласени пуф-ракави, висока јака и широки манжетни со златни копчиња. Горниот дел го комбинираше со тесна црвена миди пенкало-сукња која ја следи линијата на телото.

Целата комбинација ја заокружи со црвени велурни чевли со шпицест врв и високи потпетици.

Косата ја носеше во нежни локни, додека кај шминката се одлучи за препознатливиот „smokey eye“ изглед во комбинација со нежнорозов кармин. Од накитот избра едноставни златни обетки.

Претседателската двојка пристигна држејќи се за раце, а Доналд Трамп за оваа пригода носеше темносин костум, бела кошула и светлосина вратоврска со пруги.

Пенкало-сукњата повторно во фокусот

Посебно внимание во стајлингот на Меланија привлече пенкало-сукњата – модна класика која со децении е присутна во женската гардероба.

Нејзиниот тесен крој ја следи линијата на телото, а должината до или под колената може визуелно да создаде впечаток на поиздолжена силуета. Во комбинација со високи потпетици, овој ефект дополнително се нагласува.

Токму поради едноставниот, но елегантен крој, пенкало-сукњата останува популарен избор за деловни, свечени и поформални комбинации, а последното појавување на Меланија Трамп повторно го стави ова класично парче во центарот на вниманието.