ПРВ.мк
Црна Хроника

Загатка за истражителите во Скопје: Две лица пронајдени мртви во стан – ова се најновите детали

Загатка за истражителите во Скопје: Две лица пронајдени мртви во стан – ова се најновите детали

Мистериозен случај со смрт на две лица се истражува во Скопје, откако 50-годишна жена и 37-годишен маж, двајцата државјани на Тајван, биле пронајдени починати во стан.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен денеска околу 13:50 часот во СВР Скопје.

Според полициските информации, Н.М. ги пронашла починати својата мајка Ч.Т.Ј. (50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф. (37).

Интересно е што двајцата само неколку часа претходно биле пријавени за исчезнати. Н.М. го пријавила нивното исчезнување во полиција на 2 септември во 00:49 часот.

По пријавата за пронаоѓањето на телата, на местото излегла екипа на СВР Скопје, а лекар од судска медицина ја констатирал смртта.

Според првичниот преглед, на телата немало видливи траги на насилство.

Телата се предадени на обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на точната причина за смртта и да даде повеќе одговори за тоа што се случило во станот.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Засега причината за смртта на двајцата не е официјално утврдена.