ПРВ.мк
Црна Хроника

За малку трагедија при правење зимница: Викенд куќа зафатена од пожар

За малку трагедија при правење зимница: Викенд куќа зафатена од пожар

Правењето зимница во скопското село Горно Соње завршило со пожар во кој била зафатена викенд куќа и околната трева.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 19:50 часот.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и разговарале со 74-годишниот Д.М., сопственик на викенд куќата.

Тој појаснил дека заедно со сопругата правеле зимница, а потоа во близина на куќата го истуриле пепелот од ќумбето.

Според неговите зборови, најверојатно во пепелта останал жар. Двајцата потоа си заминале, а подоцна избувнал пожарот.

Огнот зафатил дел од викенд куќата и тревата во околината.

Во инцидентот нема повредени лица.

На местото интервенирала екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која го изгаснала пожарот.