ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ПОТРЕСНА СЦЕНА ВО МАКЕДОНИЈА: Куче во паника скокна од зграда – се појавија тешки обвинувања дека било малтретирано!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ПОТРЕСНА СЦЕНА ВО МАКЕДОНИЈА: Куче во паника скокна од зграда – се појавија тешки обвинувања дека било малтретирано!

Вознемирувачка снимка која во текот на ноќта масовно се прошири на социјалните мрежи предизвика бурни реакции кај јавноста. Според тврдењата во објавите, видеото е снимено во Гостивар и на него се гледа бездомно куче кое, видно исплашено, скока од зграда во изградба.

Според сведоштва кои се споделуваат на социјалните мрежи, животното наводно било доведено до очај откако било бркано и малтретирано. Очевидци тврдат дека кучето се обидувало да избега од лица кои, според нивните наводи, го удирале и го бркале низ градилиштето. Во дел од објавите се наведува дека станувало збор за лица кои работеле на објектот, но овие информации засега не се официјално потврдени.

Според истите тврдења, кучето влегло во објектот во изградба барајќи засолниште од високите температури. Наместо безбедно место, наводно било избркувано со насилство, по што во паника почнало да бега кон повисоките катови.

Како што се наведува, животното стигнало до последниот кат, каде останало без можност за понатамошно бегство. Во состојба на силен страв, според сведоците, кучето скокнало од зградата пред поголем број присутни лица, кои останале шокирани од случката.

Во овој момент нема официјална потврда дека настанот се одвивал токму на начинот опишан во објавите на социјалните мрежи. Надлежните институции сè уште не излегле со официјални информации за околностите под кои се случил инцидентот.

Исто така, засега нема потврда дали случајот е пријавен во полиција или до Агенцијата за храна и ветеринарство, ниту дали е започната официјална постапка за утврдување на сите факти поврзани со овој вознемирувачки настан.

ВИДЕО

Најнови вести