На патот Прилеп–Битола, во селото Тополчани, на 7 септември околу 10:30 часот се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 48-годишен прилепчанец.
Според информациите од МВР, Т.Н. (48) од Прилеп управувал патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, кога во еден момент излетал од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болницата во Прилеп.
При преземањето мерки и вршењето увид, полициските службеници утврдиле дека возачот бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе следува соодветна пријава.







