ПРВ.мк
Црна Хроника

ВООРУЖЕН МАЖ УАПСЕН ВО БЛИЗИНА НА БЕЛАТА КУЌА: „Гласови ми рекоа да го убијам Трамп“

ВООРУЖЕН МАЖ УАПСЕН ВО БЛИЗИНА НА БЕЛАТА КУЌА: „Гласови ми рекоа да го убијам Трамп“

Вооружен маж е уапсен во близина на Белата куќа во Вашингтон, откако наводно им кажал на припадниците на американската Тајна служба дека пристигнал во главниот град со намера да го убие претседателот Доналд Трамп.

Според информациите што ги пренесува американската телевизија Си-би-ес, станува збор за Рони Јордрис Гванипа Кринос, државјанин на Венецуела.

Инцидентот се случил во четвртокот вечерта на авенијата Конституција, каде што агентите на Тајната служба забележале сомнително однесување во паркиран автомобил.

Кога му се приближиле, мажот наводно им изјавил дека слушал гласови кои му наредувале да дојде во Вашингтон и да го убие Трамп.

При полициската проверка било утврдено дека автомобилот бил пријавен како украден.

Во возилото биле пронајдени три парчиња огнено оружје, меѓу кои и пушка, како и десетици куршуми.

Осомничениот веднаш бил приведен, а против него биле поднесени повеќе обвиненија поврзани со незаконско поседување и превоз на оружје и муниција, како и со користење украдено возило.

Американските власти соопштиле дека мажот влегол во САД преку Тексас во март 2024 година, кога бил приведен од граничната полиција, но подоцна бил ослободен.

Доналд Трамп и претходно беше цел на сериозни безбедносни закани.

Во јули 2024 година беше ранет при обид за атентат за време на предизборен собир во Батлер, Пенсилванија. Во нападот загина еден посетител, а уште две лица беа повредени.

Надлежните американски институции продолжуваат со истрагата за најновиот инцидент и околностите под кои осомничениот пристигнал во близина на Белата куќа.