ПРВ.мк
Црна Хроника

Вооружен инцидент: Маж погоден со огнено оружје

Вооружен инцидент: Маж погоден со огнено оружје

Вооружен инцидент се случил во Арачиново, при што со прострелни повреди завршил 48-годишен скопјанец.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 септември околу 01:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ бил донесен А.М.(48) од Скопје со повреди од огнено оружје.

Според пријавеното, инцидентот се случил на влезот во селото Арачиново. Додека А.М. се наоѓал таму, од возило кон него било пукано со огнено оружје.

Како што е наведено во полициската информација, во возилото имало две лица, а едното од нив, кое повредениот го познавал, пукало кон него.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со пукањето.