ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ ГИ ЗАВИ ВО ЦРНО: Загина 21-годишна девојка, меѓу повредените и шест деца, откриено што ја предизвикало несреќата!

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ ГИ ЗАВИ ВО ЦРНО: Загина 21-годишна девојка, меѓу повредените и шест деца, откриено што ја предизвикало несреќата!

Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Котор–Никшиќ во местото Липци ја потресе јавноста во регионот. Во трагедијата животот го загуби 21-годишна девојка, додека уште 16 лица се повредени, меѓу кои и шест деца. Надлежните ги објавија и првичните информации за причините што довеле до превртувањето на комбето со српски туристи.

Според црногорската Управа на полицијата, мини-бусот го управувал 68-годишниот Љ. М. од Котор. Првичните сознанија од истрагата укажуваат дека најверојатна причина за несреќата биле заморот и поспаноста на возачот, кој, според истражителите, можно е да заспал зад воланот. Возилото најпрво удрило во камената косина покрај патот, по што силно се превртело.

По несреќата, повредените веднаш биле пренесени во болницата во Рисан, каде првично биле згрижени 17 лица. И покрај напорите на медицинските тимови и извршената реанимација, 21-годишната девојка им подлегнала на тешките внатрешни повреди.

Директорот на Специјалната болница во Рисан, д-р Дино Пањако, информираше дека петмина пациенти се наоѓаат на Одделот за интензивна нега, каде добиваат постојан медицински третман, додека уште девет лица се хоспитализирани поради тешки телесни повреди.

Во несреќата се повредени и шест деца. Едно од нив, по извршената реанимација, итно било префрлено во Клиничкиот центар во Подгорица поради сериозноста на повредите, додека останатите пет деца се здобиле со полесни повреди и се под лекарски надзор.

Според последните информации од болницата, во моментов нема други пациенти кои се наоѓаат во животна опасност, иако дел од повредените остануваат на понатамошно лекување.

Несреќата се случила околу 13:10 часот, кога група државјани на Србија се враќала од поклоничко патување во манастирот Острог. Патниците биле сместени во колективно сместување во Бока, а трагедијата се случила на нивното враќање.

Увидот на местото на несреќата бил извршен под раководство на државен обвинител од Основното државно обвинителство во Котор. Полицијата и обвинителството продолжуваат со истрагата и прибирањето на сите докази за целосно утврдување на околностите што довеле до оваа трагедија.

ВИДЕО

Најнови вести