Трагедија ја потресе велосипедската јавност откако 19-годишниот британски велосипедист Финли Тарлинг го загуби животот за време на трка во Португалија.
Несреќата се случила во текот на осмата етапа, кога Тарлинг се судрил со комбе кое се движело од спротивната насока.
Според првичните информации, станувало збор за силен фронтален судир. Последиците биле катастрофални, а младиот велосипедист, за жал, не успеал да преживее.
На снимките од местото на несреќата може да се забележи целосно уништениот велосипед, додека на комбето биле оштетени предниот дел и шофершајбната.
Трагичната смрт на 19-годишниот велосипедист предизвика шок и тага во велосипедската јавност, а околностите под кои дошло до несреќата се предмет на истрага.
Видео:










