Синоќа во Битола се случи потресен настан што ја вознемири јавноста. Полициски службеници од СВР Битола уапсија 68-годишен маж од Берово, со престој во Битола, под сомнение дека извршил полов напад врз 12-годишно девојче.
Според пријавата, нападот се случил во хотел во градот, каде осомничениот го сторил делото врз малолетното девојче.
Против мажот се води постапка за кривично дело „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“, предвидено во член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Настанот предизвика згрозување и бурни реакции, а јавноста очекува најстрога санкција за сторителот.