ПРВ.мк
Црна Хроника

Пожар во скопската населба Козле

Пожар во скопската населба Козле

Ноќеска, околу 01:48 часот, избувна пожар на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле. Огнот зафати три живеалишта и една помошна просторија, сопственост на М.Б. (73), И.С. (41) и М.А. (53).

Очевидците пријавуваат дека пожарот започнал зад помошната просторија во близина на куќите. Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенираа и го изгаснаа огнот, а за среќа нема повредени лица. Полицијата продолжува со увид на местото на настанот.

Escape