Вишото јавно обвинителство во Панчево соопшти дека презема итни мерки по инциднетите што се случија пред Машинската школа „Панчево“, каде беше физички нападнат шеснаесетгодишен ученик.
Според информациите од истрагата, инцидентот се случил во попладневните часови пред училишната зграда на Улицата браќа Јовановиќ, кога две или три засега непознати лица го пресретнале ученикот и му задале повеќе удари. Малолетникот во нападот здобил ласни телесни повреди.
Од Обвинителството и од Полициската управа во Панчево велат дека интензивно се работи на терен за идентификација и пронаоѓање на осомничените лица, како и за целосно расчистување на случајот и прибирање докази.








