ПРВ.мк
Црна Хроника

УАПСЕН 18-ГОДИШНИК ВО МАКЕДОНИЈА: Осомничен за лажна дојава за бомба во средно училиште

УАПСЕН 18-ГОДИШНИК ВО МАКЕДОНИЈА: Осомничен за лажна дојава за бомба во средно училиште

Полициски службеници уапсија 18-годишно момче од тетовското село Радиовце, осомничено дека испратило лажна дојава за поставена бомба во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициската акција била спроведена утринава, 17 ноември 2026 година, во периодот од 05:45 до 07:25 часот.

Во акцијата учествувале полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане.

По добиени сознанија за можната поврзаност на 18-годишниот А.Д. со лажната дојава за бомба, полицијата извршила претрес во неговиот дом и помошните простории во селото Радиовце.

При претресот бил пронајден и одземен еден мобилен телефон, кој ќе биде предмет на понатамошната постапка.

Осомничениот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Според МВР, постојат основи на сомнение за сторено кривично дело согласно член 366 од Кривичниот законик, поврзано со лажната дојава за поставена експлозивна направа во гимназијата.

Од Министерството информираат дека се преземаат дополнителни активности за целосно документирање на случајот.

По завршувањето на постапката ќе следува соодветна пријава против осомничениот.