ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА ПОТЕРА ЗАВРШИ СО ТРАГЕДИЈА: Телото на 13-годишно девојче пронајдено зад жива ограда

ПОЛИЦИСКА ПОТЕРА ЗАВРШИ СО ТРАГЕДИЈА: Телото на 13-годишно девојче пронајдено зад жива ограда

Страшна трагедија се случи во германското место Зајлауф, во близина на Ашафенбург, каде што 13-годишно девојче го загуби животот за време на полициска потера по автомобил чиј возач се обидувал да избега од контрола.

Несреќата се случила во понеделникот, 16 ноември, околу 18:45 часот, кога полициска патрола забележала автомобил „мицубиши“ со украдени регистарски таблички.

Полицајците се обиделе да го запрат возилото, но 32-годишниот возач не застанал и започнал да бега со голема брзина.

Во обид да помине покрај друго возило, возачот се качил на тротоарот, удрил во два автомобила и прегазил 13-годишно девојче.

Од силината на ударот, девојчето било отфрлено зад жива ограда, каде што подоцна пожарникарите го пронашле неговото безживотно тело.

И покрај обидите за реанимација, лекарите можеле само да ја констатираат смртта.

Во судирот биле полесно повредени и мајка и нејзиното шестгодишно дете, кои се наоѓале во еден од автомобилите.

Повреди добиле и 32-годишниот возач и неговиот 34-годишен сопатник, кои биле пренесени во болница и приведени од полицијата.

Според најновите информации од германските власти, против возачот се води истрага под сомнение за убиство и учество во недозволена улична трка.

Во истрагата се вклучени криминалистичката полиција и сообраќајни вештаци, кои треба детално да ги утврдат околностите на трагичниот настан.

Смртта на 13-годишното девојче предизвика голема тага кај локалното население.