ПРВ.мк
Црна Хроника

Царинска контрола открила илјадници евра во автобус кон Македонија - еве колку лица се приведени!

Царинска контрола открила илјадници евра во автобус кон Македонија - еве колку лица се приведени!

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција запреле автобус на туристичка агенција кој сообраќал на релација ГерманијаСеверна Македонија, при контрола извршена на подрачјето на Тетово.

Според информациите од МВР, автобусот „Мерцедес“ бил управуван од 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште.

При прегледот на приколката биле пронајдени повеќе канти за кои не постоела соодветна документација и дозвола за транспорт, соопштува полицијата.

Дополнително, кај еден од патниците, 20-годишниот Ф.И. од Теарце, биле пронајдени пет пликоа со готовина во вкупна вредност од 34.965 евра, за кои не била приложена документација за потекло.

Од МВР информираат дека парите биле внесени преку граничниот премин Табановце без да бидат пријавени, што е спротивно на законските прописи.

Возачот и патникот се лишени од слобода под сомнение за кривично дело „криумчарење“, како и за прекршување на Законот за девизно работење.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Најнови вести