Недоразбирање поради сообраќаен прекршок прераснало во сериозен инцидент со закани, поради што 40-годишен маж од Кочани се соочува со кривична пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против В.М. (40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Се појавил пред нејзиниот стан и ѝ се заканувал
Според пријавеното, на 7 ноември 2026 година, околу 14:30 часот, по претходно недоразбирање околу сообраќаен прекршок, пријавениот агресивно се однесувал кон Б.В. (44) од Делчево.
Но, инцидентот не завршил тука. Мажот потоа отишол пред станот на жената, тропал на вратата и ѝ упатувал закани.
Покрај тоа, во неколку наврати на нејзиниот мобилен телефон ѝ испраќал СМС-пораки со заканувачка содржина.
За случајот е поднесена кривична пријава за „загрозување на сигурноста“.






