ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА НЕСРЕЌА ЗА ВРЕМЕ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА ВО СКОПЈЕ! Две жени итно пренесени во Ургентен центар со изгореници - ова е нивната состојба!

ТЕШКА НЕСРЕЌА ЗА ВРЕМЕ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА ВО СКОПЈЕ! Две жени итно пренесени во Ургентен центар со изгореници - ова е нивната состојба!

Две жени од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за време на семејна прослава во куќа во главниот град. Повредените биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 15 ноември 2026 година, во 00:30 часот, во СВР Скопје. Во болницата биле донесени 35-годишната Н.К. и 24-годишната А.А., двете од Скопје, со тешки телесни повреди предизвикани од изгореници.

Повредени за време на семејна прослава

Според пријавеното, двете жени се здобиле со повредите додека присуствувале на семејна прослава во куќа во сопственост на М.К., мајка на 35-годишната Н.К.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Засега не се соопштени дополнителни детали за тоа како дошло до повредувањето.

Најнови вести