Трагичен настан ја потресе скопската населба Жданец, каде што во пожар целосно изгорела барака, а по гаснењето на огнот во неа било пронајдено телото на починато машко лице.
Според информациите од полицијата, на 14 ноември 2026 година, во 23:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Жданец“ избувнал пожар во барака во сопственост на 56-годишниот М.Р. од Скопје.
По гаснењето на пожарот пронајдено тело
Во гаснењето на пожарот интервенирала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Објектот целосно изгорел, а откако пожарот бил изгаснат, во внатрешноста било пронајдено тело на починато машко лице.
Засега не се соопштени дополнителни информации за идентитетот на починатиот, ниту за причините поради кои избувнал пожарот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






