ПРВ.мк
Црна Хроника

Дури 11 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ! Петмина возеле без положен испит, а еве колку под дејство на алкохол!

Дури 11 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ! Петмина возеле без положен испит, а еве колку под дејство на алкохол!

Вкупно 11 возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ Македонија, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сите случаи се однесуваат на кршење на сообраќајните правила, а меѓу приведените има лица кои управувале без положен возачки испит, под дејство на алкохол, со активна забрана или со брзина над дозволената.

Петмина возеле без положен возачки испит

Пет лица биле затекнати како управуваат возило без да имаат положено возачки испит. Станува збор за С.А. (63), М.М. (20) од селото Лисец, Тетовско, Е.Д. (28) од Штип, Ф.А. (62) од Радовиш и С.М. (36) од селото Ораовица, Радовишко.

Последниот, покрај тоа што немал положено возачки испит, управувал и нерегистрирано возило, а бил и под дејство на алкохол.

Тројца возачи биле под дејство на алкохол

Полицијата лишила од слобода и тројца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Тоа се В.М. (38) од Прилеп, Р.Г. (56) од селото Инџиково, Скопско, и Б.П. (44) од Охрид.

Според МВР, охриѓанецот претходно учествувал и во сообраќајна незгода во која била причинета материјална штета.

Возеле и покрај забраната, еден ја пречекорил брзината

Меѓу лишените од слобода се и А.Б. (25) од селото Вирче, Делчевско, и Љ.Д. (56) од Струга, кои управувале моторни возила и покрај тоа што имале активна забрана за управување.

Дополнително, Р.В. (34) од Радовиш бил затекнат како управува патничко возило со брзина поголема од дозволената.

Ќе следуваат кривични пријави

Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик.

Полицијата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел да се спречат сообраќајни несреќи и да се зголеми безбедноста на патиштата.

Најнови вести