ПРВ.мк
Црна Хроника

НОЌЕН ИНЦИДЕНТ НА БИТ ПАЗАР! Тепачка помеѓу сосетки заврши со притвор - еве колку жени се приведени!

НОЌЕН ИНЦИДЕНТ НА БИТ ПАЗАР! Тепачка помеѓу сосетки заврши со притвор - еве колку жени се приведени!

Нова пријава за физички напад е евидентирана во Скопје, откако 35-годишна жена пријавила дека била нападната од две свои сосетки на подрачјето на Бит-пазар.

Според информациите од полицијата, на 14 ноември 2026 година, во 22:20 часот, во СВР Скопје случајот го пријавила М.Е.Н. (35) од Скопје.

Таа навела дека околу 22:10 часот, на местото викано „Чикаго“, на подрачјето на Бит-пазар, била физички нападната од нејзините сосетки Е.Р. (35) и Ш.Р. (18).

Полицијата го расчистува случајот

Од надлежните информираат дека по целосно документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Засега не се соопштени дополнителни детали за околностите под кои дошло до инцидентот.

Најнови вести