ПРВ.мк
Црна Хроника

Три пакувања со сомнителна прашкаста материја пронајдени во Затвор Идризово

Три пакувања со сомнителна прашкаста материја пронајдени во Затвор Идризово

Три пакувања со прашкаста материја биле пронајдени на прозор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 22:10 часот во СВР Скопје.

Од затворската установа било пријавено дека на еден од прозорите биле забележани три пакувања со прашкаста материја.

Според пријавеното, пакетите претходно ги оставил осуденикот А.Е. (31).

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.