Трагедија се случила на боречки настан во Мексико, каде 75-годишен судија починал откако за време на меч бил фрлен на подот од рвачот Хосе Анхел.
Според информациите што ги пренесуваат мексиканските медиуми, судијата по падот останал неподвижен во рингот.
Во првите моменти дел од публиката мислела дека станува збор за однапред осмислен дел од шоуто.
Набргу потоа интервенирала медицинската екипа, но лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.
Полицијата го привела рвачот Хосе Анхел.
Според објавените информации, тој се соочува со сомнение за ненамерно предизвикување смрт.
Надлежните продолжуваат со истрагата со цел да се утврдат сите околности под кои се случил трагичниот инцидент.






