ПРВ.мк
Црна Хроника

Млада жена го пријавила партнерот: Ја нападнал во домот, па ѝ нанел расекотини

Млада жена го пријавила партнерот: Ја нападнал во домот, па ѝ нанел расекотини

Дваесет и четиригодишна жена пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот партнер во дом на подрачјето на Кисела Вода.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје.

Жената навела дека нападот се случил на 4 октомври околу 18 часот.

Според нејзината пријава, партнерот Д.Ј. најпрво физички ја нападнал, а потоа со остар предмет ѝ нанел расекотини.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.