ПРВ.мк
Црна Хроника

Три напади за еден ден во Скопје – дете меѓу жртвите, ограбено и претепано

Три напади за еден ден во Скопје – дете меѓу жртвите, ограбено и претепано
Escape

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 2 јули 2025 година, во Скопје биле пријавени три одделни случаи на физички напади, при што едно од нападнатите лица е дете. Нападите се случиле во различни делови на градот, а полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи.

Во првиот инцидент, С.Ј. (30) од Скопје пријавила во СВР Скопје дека на 30 јуни, околу 19:00 часот во централното градско подрачје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од три лица. Според пријавата, напаѓачите не само што го претепале, туку му ги одзеле и парите што ги имал кај себе. Полицијата моментално работи на идентификација и приведување на сторителите.

Вториот напад бил пријавен од М.Ф.С. (25), кој на 2 јули околу 10:00 часот бил нападнат од лице со иницијали М.Д. Инцидентот се случил во затворен објект на подрачјето на Бит Пазар. Засега не се наведени причините за нападот, но и овој случај е под полициска истрага.

Третиот инцидент се случил нешто подоцна, околу 13:45 часот во селото Текија, во скопскиот регион. Б.А. (36) пријавил дека бил нападнат од С.Р. од село Мршевци. Причината, според пријавата, е недоразбирање во сообраќајот. Детали за степенот на повредите не се наведени.

Министерството за внатрешни работи истакна дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случаите и санкционирање на сторителите.

Mia Home Mavrovo