ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Мртво новороденче донесено во болница по породување во домашни услови!

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Мртво новороденче донесено во болница по породување во домашни услови!

Во раните утрински часови на 15.05.2026 година е регистриран тежок случај во Штип, откако во Клиничката болница било донесено мртво новороденче кое претходно било родено во домашни услови.

Според информациите од СВР Штип, случајот бил пријавен во 04:24 часот од страна на болницата, откако новороденчето било донесено без знаци на живот.

Мајката, 35-годишната Ѓ.У. од село Конче во радовишко, според пријавата, се породила дома. Лекарите во болницата ја констатирале смртта на бебето, по што таа била задржана на одделението за гинекологија за понатамошна медицинска грижа.

Полицијата информира дека веднаш по пријавата излегла на терен и извршила разговор со сопругот на родилката, 33-годишниот К.У., при што се утврдило дека породувањето започнало околу 02:00 часот, а се случило во дворот на семејната куќа.

Од СВР Штип наведуваат дека за случајот е известен надлежен јавен обвинител и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до трагедијата.

Истрагата треба да утврди што точно се случило во критичните моменти и дали имало медицински или други фактори кои придонеле за исходот.